Англија втот пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија пресметка со Шпанија за трофејот.
Селекторот Герет Саутгејт ги направи вистинските потези за да ја одведе Англија во второто финале во неговиот изборен мандат. По натпреварот во Дортмунд, тој посебно истакна некои играчи:
„Многу посебна ноќ, се надевам дека е многу посебна за сите што гледаат дома. Мислам дека нашиот настап беше многу добар. Знаевме дека Холанѓаните имаат повеќе квалитет за да можат да ве казнат како што направија, но имаше уште многу време за игра. Нашите играчи од средниот ред, особено Фоден, беа клучни во наоѓањето простор и мораа постојано да го менуваат она што го правеа. Букајо направи огромна работа. Почна како бек, а понекогаш и бранеше како крило – тоа беше една од оние ноќи каде што сите мораа да бидат флексибилни“.
Тој потоа размислуваше за замените кои го прекинаа изедначениот резултат:
„Бевме задоволни од тоа како играа Фоден и Кејн. Имаме добра клупа, имавме свежина и знаеме дека Оли може да предизвика хаос на страна. Финалето е она поради што дојдовме овде и тоа го градевме две години. Мораме да уживаме вечерва, но и наутро сè се менува и имаме слободен ден помалку од тимот кој беше најдобар на турнирот“.