Голема чест за Филип Поповски, некогашниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија. Имено тој е одреден да биде делегат за финалниот натпревар од ЕУРО меѓу Шпанија и Англија кој ќе се одигра во недела на Олимпискиот стадион во Берлин.
Ова денеска УЕФА го објави, секако дека ова е голема чест и за фудбалска Македонија.
Инаку главен судија на овој финален меч ќе биде Франсоа Летисие од Франција.