Играчот од средниот ред на шпанската репрезентација Родри имаше само пофални зборови за неверојатниот 16-годишен напаѓач на националниот тим Ламине Јамал.
„Во него гледам зрелост што искрено не знам дали некогаш сум ја видел. И го гледам потенцијалот, играчот… Не можам да ви кажам што е лимитот за Ламин. Ќе дознаеме за неколку години. За пет-шест години, ќе видиме. За година или две тој ќе стане еден од најдобрите во светот. Но, пред се, во него гледам мирно дете со желба за учење. За луѓето со таков талент и такви заслуги, има моменти кога гледаме играчи кои се добри во една работа и се држат до тоа. Во Ламин гледам момче кое сака да победува со тимот, да биде поддржан, да верува во себе. И со овие квалитети, тој има се за да стане еден од најдобрите во следните години“, вели Родри.