Незапамтен интерес: 105.000 фанови аплицирале за да присуствуваат на промоцијата на Мбапе!

117

Претставувањето на францускиот напаѓач Килијан Мбапе на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 16 јули е настан кој ќе го следи целата планета. Колкав интерес има за доаѓањето на Мбапе во Реал покажува и податокот дека околу 105.000 луѓе чекаат со часови да влезат на страницата, која ја користат за да се пријават за да добијат билет за да присуствуваат на неговата презентација.

Реновираниот „Бернабеу“ собира 80.000 луѓе и ќе биде исполнет до крај, а голем дел од оние кои аплицирале за место на стадионот ќе останат и надвор од него.

Реал Мадрид несомнено направи брилијантен потег со доведување на Килијан Мбапе без разлика на платата што ќе ја има и бонусот за потпис кој ќе му биде доделен и ќе изнесува 100 милиони евра.

Продажбата на дресови веќе доведе до целосен колапс во испораката, а нарачателите ќе треба да чекаат околу еден месец за да го добијат оригиналниот дрес од Мбапе.

ПретходноРодри за Јамал: За година-две тој ќе биде најдобар во светот!
СледноФудбалерките вечерва пишуваат историја: Победа над Летонија за квалификациски бараж