Македонскиот крилен напаѓач, Матеј Цветаноски (26) од денеска и официјално е нов играч на Железничар од Сараево. Како што потврдија од босанскиот клуб, Цветановски потпиша двегодишен договор.
Последната полусезона Цветановски ја помина во Брера Струмица, откако претходно настапуваше и за Македонија, Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.
Во изминатата сезона одигра 25 натпревари за Брера, каде постигна четири гола и додаде четири асистенции.