Познатиот италијански фудбалски инсајдер Џанлука ди Марцио утрово објави дека италијанска Болоња тргнува по потписот на македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски. Според Ди Марцио, по извршените лекарски прегледи од страна на Николо Камбиаги, Болоња продолжува да работи на пазарот во Шкотска, каде сериозно гледа во Миовски како ново засилување во нападот.
Миовски ја помина последната сезона во дресот на Абердин со уште еден извонреден перформанс и 14 гола во тамошната Премиер лига. Засега нема конкретни информации за евентуални преговори меѓу двата клуба.