Холандската легенда Рафаел ван дер Варт во улога на коментатор на националната телевизија НОС, остро ја критикуваше Англија. Тоа го направи откако репрезентацијата ја победи Холандија (2:1) за да се пласира во финалето на ЕУРО.
„Англија е ср*ње од тим. Имаат врвни играчи, но играат толку лошо, како ништо да не можат“, изјави Ван дер Варт за Англија, но ја критикуваше и репрезентацијата за која одигра 109 натпревари: „Ниту ние не покажавме многу. Моравме да направиме повеќе“.
Сепак, тој многу повеќе ги критикуваше Англичаните:
„Тие имаат толку многу квалитет во тимот, а сепак не ги мрдаат газовите од својата половина. Тоа е тажно“.
Ван дер Варт предизвика големо внимание пред пет години критикувајќи го англискиот дефанзивец Хари Мегваер:
„Кога одам да ги гледам аматерите во недела, гледам најмалку тројца фудбалери кои играат како него. Мислам дека после секој натпревар кога ќе дојде дома и на сопругата и вели: „Ужасен сум, но одлично ме плаќаат. Тие навистина мислат дека сум добар’“.