Предлог на новиот премиер: Во Англија понеделник да биде неработен ден ако станат европски прваци!

516

Кир Стармер е нов премиер на Велика Британија и тој има интересен предлог во пресрет на неделното финале на ЕУРО 2024 меѓу Шпанија и Англија. Имено во случај момците на Герет Саутгејт станат прваци тогаш понеделник во Англија да биде неработен ден.

Јасно е дека не сакам да предизвикам лоша среќа, но за нас најважно е во недела да победиме. Мислам дека ако се случи тоа тогаш тоа треба да биде празник кој треба да се одбележи како неработен ден“ изјави Стармер.

Интересно е тоа што истиот тој Стармер пред три години, тогаш како водач на опозицијата, пред финалето на ЕП даде предлог да ако Англија ја победи Италија наредниот ден да биде неработен, ама тогаш неговата селекција загуби.

Човекот е лоша среќа за вакви предлози, па подобро е да молчи за неработни денови.

ПретходноФилип Маџовски во стручниот штаб на Вардар
СледноМакедонија нокаутирана од Летонија – сега „виси“ второто место во групата