Бразилскиот напаѓач Бруно Дуарте наскоро ќе биде ново засилување на Црвена Звезда која за напаѓачот на Фаиренсе ќе издвои два милиони евра, пренесуваат српските медиуми.
Дуарте минатата сезона даде 13 голови на 32 натпревари во најдобрата португалска лига. Вкупно во Португалија одигра 110 натпревари, 30 голови и 14 асистенции.
Во текот на кариерата играл за Дамка од Саудиска Арабија, Лвов од Украина, а во Португалија играл за Фаиренсе и Гимараеш.