Ренато Веигра е нов фудбалер на Челзи. 20-годишниот Португалец до сега играше за швајцарски Базел, а „сините“ го обврзаа со седумгодишен договор.
Според медиумите Челзи платил 14 милиони евра за услугите на фудбалерот, колку што била и откупната клаузула во договорот со швајцарскиот клуб.
Инаку младиот играч може да игра и во одбрана и во средниот ред, а тој е младински репрезентативец на Португалија. Инаку во Базел премина минатата година од Спортинг Лисабон. Една полусезона играше како позајмен во Аугзбург.
Веига е петтиот нов фудбалер на „Стемфорд Бриџ“ ова лето по дефанзивецот Тосин Адарабиојо кој дојде од Фулам, халфот Омари Келиман кој дојде од Астон Вила, потоа Кајран Дјусбери-Хол кој дојде од Лестер и 18-годишниот шпански напаѓач Марк Гуи кој дојде од Барселона.