BBC направи анкета: Цела Европа утре ќе навива против Англија!

560

Анкетета која ја направи Би-Би-Си за тоа кој ќе има поголема поддршка во финалето на ЕП 2024 меѓу Шпанија и Англија, покажала дека скоро цела Европа ќе навива против Англичаните.

Испитаниците искажале свои причини за навивањето против Англичаните, но главно сите го споменуваат стилот на игра на Саутгејт.

„Сакаме Шпанија да победи. Ни се допаѓаат двата тима, но мојот син е голем фан на Ламин Jамал“, изјавил еден навивач од Италија.

„Мислам дека Шпанија ќе победи и би било убаво, затоа што тогаш ние Германците можеме да кажеме: ОК, испаднавме од тимот што ја освои титулата, така што не е премногу лошо“, вели еден германски фан.

„Шпанија го игра најзабавниот фудбал на првенството, па веројатно ќе навивам за нив во недела“, велат Данците, а победа на Шпанија посакуваат и бројни други навивачи кои биле анкетирани.

ПретходноДенеска наполни 17 години: Јамал си доби овошна торта и има само една желба! (ВИДЕО)
Следно“Марка“ го избра најлошиот тим на ЕУРО: Тука се Роналдо, Лукаку, Влаховиќ, Сергеј…! (ФОТО)