Принцот Вилијам: Излезете на терен и покажете му на светот од што сте создадени!

232

Вечерва во Берлин се решава кој ќе биде нов европски првак, кој ќе ја наследи Италија. Дали тоа ќе биде Шпанија или Англија? Цел свет, цела Европа е во исчекување. Посебно во Англија атмосферата е еуфорична.

Дека фудбалот е нешто посебно, доказ е порака на социјалните мрежи на принцот Вилијам, престолонаследникот на кралската круна:

„Сите сме горди на вас Англичани, само треба да вложите уште еден напор. Излезете и покажете му на светот од што сте создадени. Веруваме“ напиша на Инстаграм принцот Вилијам.

ПретходноПеналите решаваа: Уругвај ја победи Канада во битката за третото место на Копа Америка!
СледноУтре во Колумбија ќе биде неработен ден, ама треба прво да се победи Аргентина!