Пеналите решаваа: Уругвај ја победи Канада во битката за третото место на Копа Америка!

132

Репрезентацијата на Уругвај заврши како трета на Копа Америка откако по пенал – рулетот беше подобра од Канада. Прво резултатот беше 2:2. Бетанкур уште во 8.минута донесе водство на момците на Марсело Биелса, за да потоа Коне израмни на 1:1 во 22.минута. Дејвид во 80.минута донсе водство на Канада, за да Суарез во 90+2.минута на Уругвај му донесе израмнување на 2:2.

Во пенал серијата Коне и Дејвис кај Канада не успеаја да реализираат додека кај Уругвај сите беа сигурни пеналџии и со тоа дојдоа до тоа трето место што веројатно е мала утеха за тимот кој посакуваше финале.

ПретходноСекоја чест: Фантастичен потег на селекторот на Шпанија!
СледноПринцот Вилијам: Излезете на терен и покажете му на светот од што сте создадени!