Ема Мекион на врвот на пливачкиот свет

301

Не е лесно да се освои било каков олимписки медал. Да се освои златен е врвот на секој спортист, а да се освојат седум на една Олимпијада, е тоа е веќе нешто што во светот на спортот ќе биде забележано како еден од најголемите подвизи некогаш направен.

Тоа и појде од рака на пливачката од Австралија, Ема Мекион која на денешниот пливачки ден освои два златни медали на 50 метри слободен стил и во женската штафета на четири пати по 100 метри, со што само го надополни својот богат репертоар на одличја на овие игри.

Претходно, ваков подвиг има направено едиснтвено гимнастичарката од Советскиот сојуз Марија Гороховскаја уште од 1952 година, која исто така седум пати се искачи на пиедесталот на Олимписките игри во Хелсинки.

ПретходноЈувентус го освои купот на Луиџи Берлускони (ВИДЕО)
Следно„Крвникот“ на Македонија заврши во Бенфика за 17 милиони евра