Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Вимблдон победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3:0 (6:2, 6:2, 7:6), а од нервоза по мечот заборави на вообичаениот протокол, па мораше да се поправи. Тремата кај Алкараз е разбирлива бидејќи тој има само 21 година, па Ноле апсолутно разбра зошто на Шпанецот не му текна да му честита нему и на неговиот тим.
„Толку сум нервозен што заборавив да му честитам на Новак, ова беа тешки недели за тебе, направи одлична работа и не знаеше дали ќе играш и стигна до финалето. Имам голема почит кон тебе и вашиот тим, навистина ви честитам“, рече Алкараз обраќајќи им се на Новак и неговиот тим, иако со намален состав.
„Искрено, ова е одлично за мене, повторно го освоив овој трофеј. Кога имав 12 години кажав дека сакам да победам на Вимблдон и тоа беше мојот сон и ќе продолжам да се трудам ова е најдобриот турнир во светот и најдобриот трофеј што можам да го освојам“.
Ја купи публиката со насмевка, но кога се спомна финалето на Европското фудбалско првенство меѓу Шпанија и Англија се слушаа свирежи и за Карлитос:
„Ќе гледам со мојот тим, не знам што ќе се случи, јас ја завршив мојата работа, на ред се фудбалерите. Ќе биде тежок натпревар и нека победи подобриот“, додаде тој.
“I’ve already done my job” 😂
Carlos Alcaraz has done his part, now to watch Spain vs England in the #EURO2024 final…#Wimbledon pic.twitter.com/GRL1ygoz5W
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2024