Саутгејт притиснат да си замине: Сега не е време за таква одлука

240

Англичаните повторно беа поразени во финале на Европското првенство, не успевајќи повторно да освојат еден трофеј од големо репрезентативно натпреварување. Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт ќе бид епод притисок да си замине од селекторското место.

На прашањето околу неговата иднина на селекторската позиција, Саутгејт изјавил дека за тоа ќе се разговара подоцна.

„Мислам дека сега не е вистинско време за ваква одлука. Треба да разговарам со вистинските луѓе. Сè уште не би зборувал за тоа“, изјави Саутгејт.

Шпанија со 2:1 ја победи Англија во синоќешното финале во Берлин. Избраниците на Луис Де ла Фуенте на тој начин ја освоија четвртата титула во своето петто финале, додека Англичаните вторпат по ред загубија во финалето, откако пред три години беа поразени од Италијанците во пенал рулетот на својот Вембли.

ПретходноАргентина ја одбрани „Копа Америка“ и стана најтрофејна репрезентација во Ј. Америка (ВИДЕО)
СледноРаритет на ЕП 2024: Шест фудбалери ја поделија „Златната копачка“