Македонските екипи во АБА2-лига ги добија противниците за новата сезона. Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје ќе игра против Словенечки Хелиос, хрватска Цедевита и црногорски Теодо во рамките на групата А.
Пелистер пак ќе игра против Подгорица, Широки и Брац, додека пак Работнички се најде во група со Војводина, Сутјеска и Босна.
Добро е познато дека следната сезона нема да има „балони“ ќе се игра по принципот дома и на гости. Првопласираните екипи од секоја група одат во Топ 8 фазата во која ќе се формираат две нови групи со по четири тимови. Најдбрите две од овие групи ќе играат полуфинале кое се игра до две победи, исто како и финалето.
Новата сезона ќе почне на 24 октомври.
РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ВО АБА2
ГРУПА А: МЗТ СКОПЈЕ, Хелиос, Цедевита јуниор, Теодо Тиват.
ГРУПА Б: Војводина, Сутјеска, РАБОТНИЧКИ, Босна.
ГРУПА Ц: Подгорица, Широки, ПЕЛИСТЕР, Вршац.
ГРУПА Д: Златибор, Борац БЛ, Шибенка, Илирија.