Млад фудбалер од Еквадор почина откако паднал во туш-кабина и ја повредил главата

76

Џастин Корнехо, 20-годишниот голман на Барселона од Гвајакил, Еквадор, почина по повредите на главата со кои се здобил откако паднал во туш-кабина. Неговиот клуб требаше да игра со бразилски Брагантино, но мечот е одложен поради тажната вест.

Несреќата се случила ноќта меѓу неделата и понеделникот кога младиот Еквадорец се лизнал и ја удрил главата додека се туширал. Иако брзо бил префрлен во болница, лекарите констатирале дека паднал во кома и дека нема мозочна активност, па се предвидувало најлошото сценарио. Два дена подоцна, за жал, тоа се оствари.

ПретходноВидеолотарија Касинос Австрија спонзор на МК Ендуро Теам Водно Скопје
СледноСтруга ТЛ во офанзива, потребни се голови во мрежата на Слован!