Работнички „ѕирка“ во Гостивар!

587

Клубовите на големо работат на созадавање на „ростерите“ за новата сезона. Овие денови трансфер пазарот во мак-баскетот е доста интересен. Работнички е еден од оние тимови кој е доста активен. Откако го договори Дамјан Робев, на списокот на кошаркари на кои ќе смета за следната сезона го додаде Амар Хот, а според нашите инфомрации „црвено-белите“ во моментов „ѕиркаат“ во Гостивар.

Раководството се обидува да го придобие Максим Митевски, кој во 2022 година дојде во таборот на Гостивар од вториот тим на МЗТ Скопје. Овој кошаркар последен пат за Работнички настапуваше во сезоната 2019/20 по што замина во Аердром, па потоа Гостивар.

Минатата сезона имаше просек од 9,8 поени, 4.6 скока и 2,1 асистенција.

ПретходноПознати се стартните состави: Струга ТЛ со Бесарт и Радески ќе го напаѓа Слован, Кехинде е на клупа!
СледноДинамо Загреб соопшти: Билетите за дуелот со Вардар ќе чинат 10 евра