Имајќи ја на ум бурната и немирна историја на Шпанија и Баскија, ништо необично, но секако непријатно е за двајца момци кои ги прославува целата земја поради важните голови што ги постигнаа во нокаут фазата.
Мерино беше стрелец на победничкиот гол против Германците во судиското продолжение, во четврт-финалето, а Ојерзабал го реши финалето со Англичаните со голот во 87. минута.
И двајцата се Баскијци по раѓање, Мерино е од Памплона, Ојерзабал е од Еибар.
За одредени кругови во Баскија, тие се, сепак, предавници како што напишале непознатите автори на транспарентот што го поставиле на ѕидот на еден баскиски град. За да нештата да бидат уште побизарни, и по 24 часа од закачувањето на транспарентот, никој не го отстрани.
„Жителите не сакаат да коментираат за графитите и транспарентот кога ќе ги прашате. Не само што не ја осудуваат пораката, некои дури и ја оправдуваат со тоа дека фудбалерите се предавници. Имаше само неколку исклучоци, кои не не сакаат да бидат премногу гласни, а има и такви кои се каат што се случило. Повеќето од нив одбиваат да зборуваат“, известува од градот новинар од ОК Диарио.
Waduh!
Terbentang banner yang menuding Oyarzabal & Merino sebagai pengkhianat.
Sepertinya ini dari kalangan ekstremis Basque 🥲 pic.twitter.com/csoBmqxVwr
— LaLigaLocaID (@LaLigaLocaID) July 15, 2024
Инаку, селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте однесе дури девет Баскијци на еврото во Германија, што за едно големо натпреварување беше рекорден број играчи од таа покраина на северот на земјата.