Мбапе ќе ја пропушти турнејата на Реал Мадрид во САД!

415

Килијан Мбапе нема да биде во експедицијата на Реал Мадрид на летната турнеја по САД. Нешто што традиционално “кралевите“ прават последните години. Имено мега – ѕвездата која завчера беше промовирана на “Сантијаго Бернабеу“ како нов член на Реал, нема да биде подвргнат на операција на носот, повреда која ја заработи на ЕУРО 2024, но ќе работи под специјална програма.

Ова значи дека Карло Анчелоти нема да може да смета на Килијан на средбите против Милан, Барселона и Челзи кои се закажани да се играат во САД претстојните денови.

Се прават напори тој сепак да биде во тимот на Реал против Аталанта во Суперкупот кој се игра на 14 август.

ПретходноЗарем е можно: Со 14 години дебитираше во МЛС! (ВИДЕО)
СледноЖелбата на Лапорта: Нико Вилијамс и Олмо за 120 милиони евра!