Не е тајна дека Барселона во последните неколку години си има проблем со финансиите. Токму таа е причината што речиси ја губи секоја битка со својот вечен ривал, а тоа е Реал Мадрид. Хоан Лапорта се врати на кормилото на каталонската гордост, но и тој не е семоќен.
Сепак лично Лапорта има голема желба за овој летен трансферен период. Имено Барселона е подготвена да издвои 120 милиони евра за двоецот од соништата, а тие се Нико Вилијамс од Билбао и Дани Олмо од Лајпциг. И двајцата блескаа на ЕУРО 2024 и беа едни од најзаслужните што Шпанија ја освои титулата.