Од ден на ден Вардар е се посилен, како во стручниот штаб така и во играчкиот кадар. Имено денеска на вардарци во Раденци (Словенија) на подготовките им се придружи Горан Петрески Чунга, вардарова легенда, беше омилен меѓу “Комитите“ како играч. Тој ќе биде засилување во стручниот штаб на Горазд Михаилов.
Кога станува збор за играчкиот кадар ново име е Николче Шаркоски (30), одличен прволигашки играч кој досега го носеше дресот на Воска, а претходно беше член на Работнички, Брера, Победа.
Се разбира дека Шаркоски и тоа како ќе го засили ростерот на Вардар.