Тренерот на европскиот кошаркарски првак, Панатинаикос, Ергин Атаман, ги предизвика Бостон Селтикс да одиграат меч против европскиот шампион.
Откако Бостон Селтикс станаа шампиони во НБА, тие напишаа на Твитер: „Светски шампион Бостон“.
Атаман смета дека за да бидат светски шампиони прво треба да го победат Панатинаикос.
„Тие се гледаат себеси многу високо. Сакаат да дојдат до неверојатни бројки. Вие не сте светски шампион. Ако сакате да дојдете до титулата светски првак, дојдете да не победите нас, шампионот во Евролигата. Ако сте толку самоуверени, велам дојдете да не победите во ОАКА“, рече Атаман за време на телевизиско интервју.