Шкендија со пораз се прости од Европа (ФОТО+ВИДЕО)

186

Ништо од најавата за пресврт. Шкендија загуби и на реванш мечот од 1. коло во елиминациите во Конференциската лига на УЕФА. Иако пред мечот Тетовци се надеваа дека ќе имаат сили да ја надоместат разликата, Ноа се покажа како одлично подготвен состав, кој знаеше што сака и на дуелот во Скопје.

Гостите го отворија резултатот во 20. минута преку Миљковиќ, кој ја искористи грешката на голманот на Шкендија за да го донесе ерменскиот состав во водство од 0:1.

Шкендија тргна порешително во вториот дел и тоа резултираше со израмнување. Цаке во 53. минута најде начин да го совлада гостинскиот голман за 1:1. Шкендија потоа имаше уште една убава шанса за целосен пресврт, но не успеа да дојде до втор гол.

Конечната одлука падна во 91. минута кога Пинсон погоди за конечни 1:2 и вкупни 1:4 со кои Ноа заслужено оди во 2. коло.

ПретходноЃорческа елиминирана во осминафиналето на турнирот во Порто
СледноПолувреме: Спахиу донесе водство за Тиквеш, Бреидаблик израмни на 1:1!