Данскиот селектор Каспер Хјумланд ја напушти репрезентацијата. Ова го објави официјалниот сајт на Данскиот фудбалски сојуз.
Со одлука на федерацијата, Мортен Вигхорст привремено ќе стане селектор на данската репрезентација, а до нова година треба да биде назначено и ново трајно селекторско решение.
„По Европското првенство во Германија, Каспер Хјумланд и директорот на Данскиот фудбалски сојуз, Петер Молер, одржаа неколку фази од преговорите за иднината. Во оваа проценка, Каспер Хјумланд заклучи дека на тимот му е потребна нова енергија. Така, Хјумланд и Молер дојдоа до заеднички заклучок дека е дојдено време за промени и потребен е нов селектор на репрезентацијата“, се вели во соопштението.
Репрезентацијата на Данска беше елиминирана во осминафиналето на последното ЕП 2024.