Се обидоа да го испровоцираат, Конте им порача: Не барајте од мене да направам нешто што…

566

Антонио Конте работеше во многу клубови. Ги водеше Интер, Челзи, Тотенхем, а сега и Наполи, но добро е познато дека Јувентус во Торино е во неговото срце.

Како играч Конте мина 13 години во тимот од Торино, тој е иницијатор за враќање на Старата дама и десетгодишната доминација на италијанскиот фудбал, а за три години освои три шампионски титули.

Сега искусниот стратег го презеде Наполи. Познато е дека навивачите на овој клуб го мразат Јувентус од се срце. Новиот тренер се најде во незгодна ситуација, навивачите не успеаја да испровоцираат. За време на неговиот говор околу плановите на клубот, присутните почнаа да скандираат: „Кој не скока, тој е навивач на Јувентус“.

Конте се насмеа и одговори на оваа провокација:

„Не барајте од мене да правам работи што никогаш нема да ги направам. Ние тренерите треба да бидеме пример. Но знајте, јас сум број еден навивач на Наполи во моментов“.

Конте на вистински начин ги замолкна навивачите на Наполи. Кај него не поминуваат такви ’фори’ и не се ни труди некому да му угоди газејќи го клубот во кој се прослави.

ПретходноТимот на Столе Димитриевски испрати „огнени стрели“ до федерацијата
СледноХајдук приреди спектакл: Александар Трајковски „парадираше“ на Fashion show