Вучиќ за Американците: Тешко е да се игра против тие ѕверови

469

Претседателот на Србија Александар Вучиќ гостуваше на ТВ Прва каде зборуваше за Олимписките игри и за шансите на српските спортисти во Париз. Воедно, тој се осврна и на неодамна одиграниот пријателски натпревар помеѓу кошаркарите на САД и Србија (САД победија со 105:79). Овие две селекции ќе се сретнат и на Игрите во Париз во првиот натпревар во групата во која се и Порторико и Јужен Судан.

„Тешко е да се игра против тие ѕверови. Тие се толку доминантни. Но, ние игравме без Богдан Богдановиќ и Никола Милутинов, а не бевме нешто расположени напаѓачки. Се надевам на подобро и верувам дека сите други спортисти ќе ја исполнат целта, а тоа е 10 медали“, рече претседателот на Србија, додавајќи дека среброто во кошарката би било чудо и дека Србија, ќе ја поддршат и другите земји меѓу кои и Македонија.

Вучиќ се наврати на фудбалот потенцирајќи дека Србија вложила многу пари, дека „наградите се најголеми во светот, даваме 200.000 и тие тоа го знаат“, а потоа го коментираше неодамна завршеното Европско фудбалско првенство.

ПретходноХајдук приреди спектакл: Александар Трајковски „парадираше“ на Fashion show
СледноНовата сезона во ПМФЛ почнува на 11 август, ждрепката ќе биде следната недела!