Белоруската атлетичарка Кристина Циманоскаја откри голем скандал во Токио. Имено таа на заминување кон својата земја, им пришла на полицајците на аеродромот во Токио и побарала помош. Според нејзините зборови таа на сила била натерана да се врати во својата земја откако ги критикувала своите тренери за време на настапот на Олимпијадата. Таа не самo што побарала помош од властите на Јапонија, туку побарала и заштита, се со цел да не се качи во авионот за Минск.
“Нема шанси да се вратам во Белорусија. Мислам дека сега сум сигурна, тука со со полицијата на аеродромот“ истакнала Циманоскаја.
Од друга страна во соопштението на експедицијата на Белорусија во Токио, се наедува дека Циманоскаја имала психички проблеми и затоа мора да се врати дома.
На крајот од сетоа ова, спортистката од Белорусија и официјално побарала азил од јапонските власти.