Французите уапсија и осудија на две години затвор 19-годишник кој подготвувал напади за време на ЛОИ 2024

93

Француски неонацист е осуден на две години затвор откако упатувал закани преку Интернет и бил осомничен дека подготвува напади за време на штафетата со олимпискиот факел пред почетокот на Летните олимписки игри во Париз. Станува збор за 19-годишник кој бил приведен во источниот регион Бас-Рин минатата среда под сомнение дека подготвувал напади за време на претстојните Олимписки игри во Париз. Според безбедносни извори, тие забележале закани од страна на група наречена „француска ариевска дивизија“ на телефонската апликација Телеграм; вклучувајќи смртни закани и говор на омраза.

Канцеларијата на јавното обвинителство во Париз соопшти дека тој е осуден по брзо судење во петокот, под обвинение за споделување инструкции за правење бомби, објави кои поттикнуваат омраза и смртни закани, како и објави со лични информации кои ги ставаат луѓето во опасност.

ПретходноШпанија е нов младински шампион на Европа
СледноНорвежаните не сакаат ВАР: Меч прекинат во знак на протест против употребата на ВАР системот (ВИДЕО)