Пак плачат: Американците бараат повторување на трката на 100 метри!

1407

Неверојатна вест од Токио. Имено делегацијата на САД побарала повторување на трката на 100 метри, и тоа поради, како што тие велат, победникот Марсел Ламонт Џејкобс имал „побрзи патики“. Победата на Италијанецот е голем шок за Американците, имено Керли заврши како втор, а тие не освоија ниту еден медал ниту во женската “стотка“.

Веројатно егото е во прашање зошто може лесно да се случи да не освојат злато ниту на 200 метри.

Тие се чудат како тоа Џејкобс имал такво забрзување во последните 30-40 метри, и се сомневаат дека тој носел “брзи патики“ или “брзи спринтерки“.

Се разбира дека на организаторот не му доаѓа на памет да ја повторат трката во која Џејкобс го освои златото.

ПретходноИнцидент и „прекин“ во Прилеп: Победа и Вардар играа пред 3.500 гледачи!
СледноВИДЕО: Еве како „кулминираше“ тепачката во Прилеп!