Илјадници фанови на Хајдук денеска го пречекаа хрватскиот фудбалски ветеран Иван Ракитиќ (36), кој се реши да се врати дома и да ја продолжи кариерата во сплитскиот состав.
Ракитиќ пристигна во Сплит денеска, а претходно клубот објави дека договорот е потпишан. Делириум настана кај толпата навивачи кога Ракитиќ се појави на терасата на клупската управа.
„Благодарам на сите, на навивачите, на мојата сопруга што ме поддржаа. Пред три месеци, ако некој ми кажеше дека ова ќе се случи, само ќе се насмеев. Но добив можност да го вратам она што ми го даде Хрватска. Ги имам најдобрите пријатели во Сплит, затоа и ова е специјално за мене“, изјави Ракитиќ.
Сплитските бели се подготвуваат да стават крај на долгогодишната доминација на Динамо во хрватскиот фудбал. Летово стигна Ракитиќ, а на тренерското место седна Гатузо. Калиниќ сега ќе диригира од позицијата спортски директор.
Stunden då Ivan Rakitic möter publiken! Split är en sjuk stad.
HAJDUK SPALATO❤️💙 pic.twitter.com/elykuYM3V8
— Ladan (@laadanma) July 21, 2024
Brilliant atmosphere at Poljud for Rakitić 🚀
📷 Hajduk/Instagram pic.twitter.com/4dm57DSqsx
— Croatian Football (@CroatiaFooty) July 21, 2024
Crazy atmosphere at Poljud, as Rakitić will soon be unveiled as a new Hajduk player. 🚨pic.twitter.com/3Tbh1Ng82V
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) July 21, 2024