Откако по пауза од две години успеа да се избори за место во едно финале на АТП турнир, шпанскиот тениски ветеран Рафаел Надал забележа огромен скок н анајновата АТП листа објавена денеска. Имено, 22-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи од денеска е во скок од 100 места на ранкингот и сега и официјално е 161. играч на планетата.
На врвбт на листата без големи промени. Јаник Синер е прв со 9570 бодови, додека веднаш зад него е Новак Ѓоковиќ. Третото место на листата е за Карлос Алкараз, а во ТОП 5 остануваат и Зверев и Медведев.