Затоа фудбалот е многу поважен од се она што значи живот, историја, традиција, војни и слично.
Синоќа во Лугано на средбата меѓу овој тим и Фенербахче, фановите на турскиот тим на една од трибините истакнаа три знамиња и тоа едно покрај друго. Ништо необично ќе рече некој.
Сепак необично е тоа што тоа беа знамињата на Хрватска, Србија и БиХ во чест на играчите од овие земји кои играа за тимот на Мурињо.
Необично за нас од екс-Југославија кои беа сведоци на колежите и ужасните војни од 1991 до 1995 на овие простори.