Она што беше најавено сега е и официјално потврдено. Алекса Аврамовиќ повеќе не е кошаркар на Партизан, што го потврди со објава на својот официјален Инстаграм профил. Српскиот кошаркар е нов член на ЦСКА Москва, потпиша двегодишен договор.
Тој емотивно се збогува од црно-белиот дрес.
„Драги Партизановци, ми беше голема чест и здоволство да се борам за црно-белите бои. По три години можам да кажам да кажам дека ова е преубав период за мене и не би го менувал за ништо. Благодарност до навивачите за безрезервната поддршка во овие години, а особено на децата за кои правиме се што правиме. Се борев и секогаш го давав максимумот за сите вас, за да ги оправдам вашите очекувања. Доживеав некои од најубавите моменти во кариерата играјќи за Партизан и секогаш со задоволство ќе се сеќавам на нив“, напиша Алекса Аврамовиќ.
View this post on Instagram