Со доаѓањето на Килијан Мбапе и Ендрик, Реал го комплетираше офанзивниот дел, додека средниот ред исто така може да се каже дека е доволно добар за да ги исполни сите барања на Карло Анчелоти во сезоната 2024/25. Останува Лука Модриќ, тука е големиот Џуд Белингем, Арда Ѓулер се појавува како важна алка, Федерико Валверде, Дани Себаљос, Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени…
Затоа, единствено што останува да се реши е прашањето на одбраната. Замина долгогодишниот капитен Начо Фернандез, а Реал мора да купи нов стопер. Лени Јоро требаше да биде наследник на Начо, но пред носот на Реал го зеде Манчестер Јунајтед, па кралскиот клуб размислува за некои други опции, дури се споменува и закоравениот дефанзивец Хумелс кој е слободен по раскинувањето со Борусија Дортмунд.
Што се однесува до бековите, левата страна треба да ја пополни Алфонсо Дејвис од Баерн, но Канаѓанецот би можел да остане во Минхен, пропадна можноста да го купи и поранешниот играч на Реал, Тео Ернандез од Милано, но Килијан Мбапе му порача на Флорентин Перез дека постои веќе играч на таа позиција што би било најдобро решение.
„Никогаш не успеав да дриблам покрај него, невозможно е да го поминам“, наводно му рекол Мбапе на претседателот на Реал, алудирајќи на Форландо Менди, 29-годишниот фудбалер кој претходно го запознал како играч на ПСЖ, но и често на тренинзите во кампот на Франција.
Поранешниот играч на Лион е во Мадрид веќе пет години, но често беше во сенка на Марсело, но по заминувањето на Бразилецот стана доста важен во ростерот на Карло Анчелоти.
Перез го послуѓал Мбапе. Договорено е продолжување на соработката со Менди, кој има договор до летото 2025 година, а според новиот тој ќе биде врзан за клубот до летото 2027 година. Менди многу брзо ќе потпише нов договор, а Реал ќе го реши прашањето со левиот бек.