Верстапен најбрз во квалификациите, но Леклер ќе почне од пол-позицијата на Спа

107

Светскиот шампион Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 14-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, но нема утре на офцијалната трка нема да почне од првото место. На истото ќе се најде Шарл Леклер со Ферари.

Холанѓанецот по 41-ви пат во кариерата успеа да извози најдобро време во квалификациите, но поради промената на погонската единица ќе биде спуштен 10 места подолу во стартниот грид и ќе тргне од 11. позиција.

Најблиску до трикратниот светски шампион беше Леклер кој ја наследи првата стартна позиција, пред вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез и Луис Хамилтон во Мерцедес.

Ландо Норис со Мекларен ќе почне како четврти, пред тимскиот колега и победник на минатонеделната трка во Унгарија Оскар Пјастри.

ПретходноВардар има супер напаѓач: Дианеси е вистинска машина!
СледноПроблем: На славниот Италијанец му паднала бурмата во Сена! (ВИДЕО)