Мојсовска не се пласираше во финалето на ЛОИ

254

Анастасија Мојсовска е втората македонска спортистка која настапи на ЛОИ во Париз. Во нејзиниот прв настап на Игрите, таа се натпреваруваше во дисциплината 10 метри со воздушна пушка.

Мојсовска не успеа да се најде на првите осум позиции кои носат пласман во финалето во оваа категорија.

На крајот по шестте сесии заврши на 31-то место во конкуренција на 43 натпреварувачки. Мојсовска која е државен рекордер на Македонија, го заврши натпреварувањето со 625,3 поени.

Во продолжение можете да погледнете како ги мина овие квалификации.

ПретходноТВ коментатор е суспендиран поради изјава за време на отварањето на ЛОИ
СледноНов проблем во Париз – откажан тренингот на триатлонците