На денешната планинска велосипедска трка во женска категорија на Олимписките игри се случил немил настан.
Имено, француската велосипедистка Лоана Лекомт изгубила свест при пад од велосипедот на неколку километри до целта. При спуст со велосипедот Лекомт изгубила рамнотежа и се струполила на земјата, при што изгубила свест на неколку моменти. Веднаш по несреќата Лекомт била изнесена од патеката на носилки и пренесена во болница, од каде што јавуваат дека нејзината состојба е стабилна.
Лекомт била една од фаворитките за освојување на златниот медал, но златото и припадна на французинката Полин Феран Прево.
LA CHUTE TERRIBLE DE LOANA LECOMTE QUI FAIT UN SOLEIL SANS SE RELEVER 😨
En espérant qu’elle aille bien 🙏#MountainBike #Paris2024 pic.twitter.com/AhlwMl3sz8
— Le Stade (@le_stade) July 28, 2024