Едно се желбите, сосема друго е реалноста. САД успеа со 110:84 да ја победи Србија во првиот меч од групата – Ц на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Париз.
Јавноста во Србија го најавуваа како “меч на векот“,но далеку беше ова од такво нешто.Секоја чест за Јокиќ и компанија, но сега засега Американците се пресилни.
А се започна фантастично за Србија. Веднаш кошаркарите на нашиот северен сосед дојдоа до 10:2. Неверојатна игра во тие први минути на Аврамовиќ, но и на сите во таборот на Србија. Сепак на крајот од “првото полувреме“ или првите две четвртини беше 58:49 за репрезентацијата на САД Но како што одминуваше времето Леброн и компанија почнаа да играат како што трева, свое шутерско шоу на Кевин Дурент кој реализираше 21 поени, статистички гледано имаше 100%.
Се чини дека само поради блескавиот настап на Дурент е оваа разлика, Србија одигра добро, но Дурент покажа екстра квалитет.
Во втората фаза од средбата Србија посака и се обиде да стори нешто, борбени беа момците на Пешиќ, но сепак евидентно беше каде е квалитетот, реалноста се виде.
На крајот од третата четвртина репрезентацијата на САД имаше +19, рзултатот беше 84:65.
Србија како да падна, пре се психолошки. Видливо беше кога Јокиќ е во игра Србите играа сосема коректно, но кога најдобриот кошаркар ќе седнеше на клупата, доаѓаа проблемите.
А тоа Американците го казнуваа, посебно кога им одеше шутот.
Во последната четвртина Америкаците како да се чуваа, не играасо максималните сили затоа и таа разлика околу 15 разлика +/- поени беше на сила. Се виде кој ќе победи.
На крајот резултатот гласеше 110:84
Најефикасни кај победниците беа Дурент со 23 поени и Леброн два помалку, додека кај Србите очекувано 20 Јокиќ беше најефикасен.