Така е тоа кога во Париз ќе се сретнат најдобрите во својата работа, односно во својот спорт. Средбата меѓу најдобрите ракометни судии во светот Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, мораше да се заврши со едно спектакуларно селфи за паметење.
Да се овековечи овој момент од ЛОИ во Париз. Познато е дека Начевски и Николов имаат обврски како судии на ракометниот турнир на Олимпијадата, а Новак го чека меч на тенискиот турнир во Париз со стариот ривал Рафа Надал.