Милан го договорил Павловиќ од Салцбург

138

Италијанскиот Милан ќе добие српски репрезентативец како засилување за новата сезона. „Росонерите“ се во финални преговори за ангажман на Страхиња Павловиќ од Салцбург за кого ќе платат 18 милиони евра плус 2 милиони евра во форма на бонуси. 23-годишниот централен бек претходно ги договорил личните услови со Милан, поточно петгодишен договор вреден околу 1,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Наскоро трансферот ќе биде објавен.
Милан преговара со Тотенхем и за десниот бек Емерсон Ројал и со Монако за Јусуф Фофана.

ПретходноНовак го „разби“ Надал во тениската класика на ОИ
СледноУтрешниот меч во Ереван меѓу Пјуник и Струга ТЛ ќе може да се гледа на МРТ 2 и МРТ 3!