Легендата на фудбалска Костарика, Кејлор Навас ќе стане нов голман на итаијанска Монца. „Скај Италија“ објави дека Монца направила изненадувачки потег за голманот, откако не успеа да ги обезбеди услугите на Пјерлуиџи Голини од Аталанта.
Навас претходно беше на голот на Реал Мадрид пред да замине во Пари Сен Жермен. 37-годишниот голман последен пат играше во Премиер лигата минатата сезона за Нотингем Форест како позајмен од францускиот гигант. Оттогаш, тој е без договор и сега се очекува да потпише постојан договор со „бјанкоросите“.
Навас денеска замина за Италија, каде утре ќе ги мине лекарските прегледи пред и официјално да биде претставен како нов играч на Монца.