ЛОИ 2024: Шерифовски настапува денеска, првиот ривал доаѓа од Бразил

148

Македонскиот џудист Еди Шерифовски денеска ќе го има својот дебитантски настап на Летните олимписки игри во Париз. Шерифовски ќе се појави некаде по 10 часот во првите квалификациски борби во категоријата под 81 килограм и на стартот за противник доби квалитетен ривал во Бразилецот Гилерме Шимид.

Бразилецот на последното светско првенство го одвои 9. место во оваа категорија, а беше високорангиран на 3. место на светската турнеја оваа година.

Останува да видиме каков ќе биде настапот на нашиот џудист.

ПретходноМбапе за 20 милиони евра стана газда на францускиот второлигаш Каен
СледноКипар за „четири од четири“: Младите кошаркари одат на нова победа на ЕП во Скопје