Секогаш кога Перез ќе донесе одлука, тука е Анчелоти да експериментира

1021

Историјата се повторува, а Карло Анчелоти преку својата неверојатна кариера ги убеди сите дека е способен да го истисне максимумот од тимот. Италијанецот би сакал да не биде така бидејќи е принуден да експериментира, да измислува нови позиции за играчите.

Перез му кажа дека нема да донесе стопер иако Начо замина, а Алаба е повреден во најдобар случај ќе се врати во ноември. Откако младиот Јоро наместо во Мадрид замина во Манчестер, се споменуваа решенија како Лапорта, но и стопери од шпанската лига, но ништо не излезе од тоа.

Летово во клубот нема да пристигнат ниту Дејвис, ниту Александер-Арнолд, кои би му дозволиле на Менди привремено да биде стопер, па се очекува Карлито да се обиде со Чуамени, кој е среден бек во срцето на одбраната.

Наводно, претседателот Перез му рекол на Анчелоти дека има доверба во неговите способности да извлече максимум од ограничените ресурси.

Не е како што рековме дека тоа му се допаѓа на трофејниот тренер, но не е дека не е навикнат. Тој низ годините покажа дека може да се снајде и кога тоа се чини дека е тешко.

Сега пристигна и Мбапе како и младиот Ендрик, па главата не го боли од нападот, но проблем се стоперските позиции. Нема промена ниту на десен бек, таму е Васкез, еден од капитените, го продолжува договорот, таа ротација со Карвахал му го продолжи животот во Мадрид за пар години, тој пак го продолжи договорот на една сезона.

Така, кога е Дон Карло, нема зима, тој секогаш ќе измисли нешто, па затоа на Перез му е лесно да ги донесе овие одлуки.

ПретходноРеал поразен од Милан, Елмас стартер кај Лајпциг, дербито за Ливерпул, победи и Манчестер Јунајтед!
СледноГатузо за екс- фудбалерот на Работнички: “Подобро да загубам натпревар отколку своето достоинство“!