Нова бламажа за домаќинот: Франција едвај се спаси од пораз со Египет!

127

Навистина што се случува се селекцијата на Франција, со домашната селекција на овие ЛОИ во Париз? Пред почетокот на ракометниот турнир беа посочувани како најголем фаворит за златото, а еве вечерва едвај се спасија од пораз од Египет со резултат 26:26, иако реално требаше да бидат поразени. Посебно по она што го одиграа во првото полувреме.

Па така Карабатиќ и компанија и во третиот меч на овој турнир не успеаја да победат, по поразите од Данска и Норвешка, вечерва одиграа без победник со Египет.

Навистина што се случува со Франција, сега по три одиграни меча имаат само еден освоен бод и во голема мерка си го закомплицираа пласманот во следната фаза.

Омар за Египет постигна 8 голови, додека Фабрегас за Франција шест, последниот беше најзначаен зошто во последната секунда што се вели ја спаси својата селекција од нов пораз.

ПретходноБраво момци: Македонија не запира, совладана и Украина за ставање печат на првото место во групата!
СледноНадал остана без медал на ЛОИ: Рафа и Карлито елиминирани во двојки!