Црна Гора против Русија, Франција со Холандија во четвртфиналето кај ракометарките

132

По лесната и убедлива победа на Норвешка над Јапонија од 37:25, комплетирани се натпреварите во групната фаза на женскиот ракометен турнир на ЛОИ во Токио. Откако се одиграа петте кола во двете групи, веќе се познати и двојките за четвртфиналето.

Најатрактивен четвртфинален меч ќе биде дуелот меѓу одличната Холандија, која имаше само еден пораз во групата, против Франција која заврши како трета во групата „Б“. Црногорките кои обезбедија само две победи на оваа Олимпијада, за место во полуфиналето ќе играат со Русија.

РАКОМЕТ (Ж), ЧЕТВРФТФИНАЛЕ:

Норвешка – Унгарија

Холандија – Франција

Црна Гора – Русија

Јужна Кореја – Шведска

ПретходноМЗТ Скопје промовира уште две засилувања: Нови Американци во „Јане Сандански“
СледноПрвото трансродово лице на ЛОИ во Токио остана без медал