Американката Симон Билс продолжува да пишува историја во гимнастиката откако го освои златниот медал во женска поединечна категорија на Олимпијадата во Париз. Таа овој пат беше совршена во повеќебој.
Бразилката Ребека Андраде заврши на второто место, додека бронзата замина во рацете на Сансет Ли.
Билс уште еднаш покажа исклучително силна гимнастика и ја освои титулата со вкупно 59.131 поен.
Симоне Билс го освои шестиот златен медал во кариерата и деветти вкупно на Олимпијадата. Покрај тоа, таа ја понесе и втората титула во француската престолнина по онаа во екипна конкуренција со селекцијата на САД.
SHE’S DONE IT! 🐐@Simone_Biles becomes the first Woman to win two Olympic All-Around Titles since Vera Caslavska in 1964 and 1968! pic.twitter.com/NzjVWSdoSB
— USA Gymnastics (@USAGym) August 1, 2024