Полската тенисерка Ига Швјонтек се закити со олимписки медал. Таа во малото финале на тенискиот турнир ја совлада Ана Каролина Шмиедлова од Словачка со 2-0 во сетови 6-2 и 6-1 и со тоа го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Швјонтек, прва на ВТА листата влезе како фаворит за златото но беше запрена во полуфиналето од Кинеската Женг.
Ова е нејзин прв олимписки медал во кариерата но и прва тенисер(ка) со медал за Полска на ОИ.
Инаку финалето во женска конкуренција ќе се одигра во сабота (почеток 12:00 часот) помеѓу Женг и Дона Векиќ од Хрватска.