Официјално: Рома се пофали со Довбик!

88

И дефинитивно. Најдобриот стрелец во Ла Лига за минатата сезона е нов член на Рома. Клубот од Рим полчаднево на своите социјални мрежи го промовираше одличниот Украинец, Артем Довбик кој минатата сезона и та како тресеше мрежи за Џирона.

Овој трансфер според медиумите во Италија и Шпанија изнесува, вкупно, околу 40 милиони евра.

Ова значи дека Рома нема намера да запре, досега овој клуб и тоа како е активен на трансфер – пазарот. Нема сомневање дека стратегот Даниеле Де Роси и тоа како ќе има квалитетен состав.

 

ПретходноСтрашно: Пливачка од Словачка колабираше, лекарите веднаш реагираа!
СледноШпанија ја “скрши“ Јапонија и се пласира во полуфиналето!